Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче PDF Печати Е-пошта
Среда, 21 октомври 2009 13:13

Граѓаните на Радовиш и Конче покажаа голем интерес за првата форумска сесија што се одржа на 8 октомври во Радовиш. Дојдоа да видат каде и како можат да се вклучат во подобрувањето на животот во нивните општини.

Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче

Граѓаните ги поздравија претставниците на МЦМС и Единицата за координација на форумите, како и двајцата градоначалници. Во текот на форумската сесија тие се запознаа со идејата на форумите, со структурата, се поделија во работни маси на кои ќе ги водат дискусиите, ги усвоија правилата за работа на Форумот и го погледнаа документарниот филм за тоа како се спроведувале форумите во првите општини.

Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче

Темата на дискусиите во следните форумски сесии ќе биде водоснабдувањето и одведувањето на отпадните води. Граѓаните најмногу покажаа интерес да дискутираат за оваа тема од аспект на заштита на животната средина.

Следната сесија ќе се одржи на 5 ноември 2009 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Повеќе од 150 граѓани на првата форумска сесија за Радовиш и Конче