Strengtening the Triangle CSOS-National Governments-European Commission |
Tuesday, 27 October 2009 09:22 | |||
Претставниците на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) на 19 и 20 октомври 2009 година, во Задар, Република Хрватска, учествуваа на годишната конференција за напредокот на граѓанскиот дијалог во западен Балкан и Турција. Извештаите покажуваат напредок во некои од земјите (Црна Гора и Србија), за сите, финансиската одржливост е главниот предизвик. Во дискусијата на панелите посветени на поддршката на ЕУ на граѓанското општество преку проектот „Поддршка на граѓанското општество“ (Civil Society Facility) претставниците на граѓанските организации ја отворија дискусијата со Европската комисија и консултантите кои работат на техничката поддршка на спомнатиот проект. Тие го изразија своето незадоволство од општите правила за финансирање на ЕК како и од посебниот модел за поддршка што го применува ЕК во западен Балкан и Турција. Граѓанските организации се соочуваат со многу тешкотии во аплицирањето за фондовите на ЕУ што е многу демотивирачко бидејќи бара висока експертиза и инвестирање во пари и време што голем дел од нив не можат да си го дозволат. Конференцијата ја организираше Европскиот сервис за граѓанска акција (ЕКАС) од Брисел и Националната фондација за развој на граѓанското општество (НЦСДФ) од Хрватска.
|