Започна со работа ЗКК за граѓанско општество на ЕУ и Република Македонија |
Понеделник, 28 септември 2009 15:31 | |||
На 25 септември 2009 година, Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) беше домаќин на првиот Заеднички консултативен комитет (ЗКК) на граѓанското општество на ЕУ и Република Македонија. ЗКК е заедничко консултативно тело кои има цел да ги набљудува односите помеѓу ЕУ и Република Македонија од гледна точка на граѓанското општество. ЗКК ќе ги промовира контактите и дискусијата помеѓу претставниците на граѓанското општество на двете страни по прашања од заеднички интерес. На состанокот членовите на ЗКК го поздравија предлогот на Европската комисија за безвизно патување за граѓаните на Република Македонија и ги повика и останатите институции во ЕУ да го следат нејзиниот пример. Членовите на ЗКК исто така бараат, што е можно побрзо, да започнат преговорите помеѓу ЕУ и Република Македонија веднаш штом бидат исполнети одредниците наведени во Пристапното партнерство. На состанокот беа донесени повеќе заклучоци.
На настанот, меѓу другите, говореа и г. Џелал Бајрами, Министер за труд и социјална политика и г. Дирк Ланге, Директор за проширување во Европската комисија, кој го претставува Комесарот за проширување, г. Оли Рен, г-ѓа Ана Краен, претставник на шведското претседателство со ЕУ, Потпретседателот на ЕЕСК г-ѓа Ирини Пари и г. Филип Хамро-Дроц, Претседател на Одделот за надворешни односи на ЕЕСК. Ова новоосновано заедничко тело го сочинуваат 12 претставници од граѓанското општество од ЕУ и од Република Македонија.
Втората средба на ЗКК ќе се одржи во Република Македонија, на почетокот на 2010 година. Главната тема на настанот ќе ги опфати економските и социјалните права. ЕЕСК, со формирањето на новиот ЗКК, успешно воспоставува заеднички тела на граѓанското општество со трите земји, кандидати за членство во ЕУ: Турција, Хрватска и Република Македонија.
|