Право да се биде слушнат: Политиката за проширување на ЕУ и ГО во западен Балкан |
Четврток, 24 септември 2009 11:51 | |||
Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во партнерство со Апродев организираше работилница под наслов „Право да се биде слушнат: Политиката за проширување на ЕУ и граѓанското општество во Западен Балкан“. Работилницата се одржа на 10 септември 2009 г. во Брисел и на неа присуствуваа 42 претставници на локалните граѓански организации од Балканот, Европската комисија, Европскиот парламент, ЕУ мрежите како и на националните власти и меѓувладините организации од регионот. Целта на работилницата беше да се разговара за тековните предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан и како ГО можат да придонесат за пронаоѓање решенија за нив. Поконкретно, во фокусот на агендата беше ИПА механизмот за граѓанско општество, кој што е главниот механизам за финансирање на Европската комисија за поддршка на развојот на граѓанското општество во потенцијалните и земјите кандидатки за членство во Унијата и Принципот за ИПА партнерство, кој ги поставува правните основи за вклучување на актерите на граѓанското општество во ИПА програмата, нејзиното спроведување и евалуација. Во оваа прилика беше презентиран и дискутиран нацрт стратешкиот документ „Успесите и неуспесите на претпристапната политика на ЕУ за Балканот: Поддршка за граѓанското општество“. На 9 септември беше одржан и неформален состанок меѓу претставниците на локалните ГО од балканскиот регион и ЕУ платформите со цел да се споделат искуствата во однос на работата на ГО и мрежите во контекст на претпристапувањето и пристапувањето кон ЕУ. Првиот панел беше „Граѓанското општество партнер во креирањето политики и донесувањето одлуки: научени лекции на национално и ЕУ ниво“, додека вториот панел беше посветен на „Улогата на граѓанското општество во претпристапниот период: научени лекции од 5-то, 6-то и идните проширувања.“
Главните заклучоци и препораки од неформалниот собир беа следниве:
Формалниот дел од работилницата што се одржа на 10 септември беше поделен на три панели. Првиот панел „Политиката за проширување на ЕУ – меѓу надворешна зависност и регионална сопственост“ ги идентификуваше тековните предизвици во регионот и беше разговарано како граѓанскиот сектор може да се осврне на овие предизвици. Венера Хајрулаху од Косовската фондација за граѓанско општество и член на Одборот на БЦСДН, зборуваше пред панелистите за фактот дека политиката за проширување на ЕУ постојано се соочува со предизвици и затоа од перспектива на регионот изгледа прилично нестабилна и непредвидлива.
За повеќе информации посетете го официјалниот сајт.
|