Барометар за еднакви можности - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Барометар за еднакви можности - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Четврток, 24 јули 2008 14:38

Истражувањето за довербата на МЦМС, покажува дека мнозинството граѓани на Македонија не се толерантни кон одредени групи. Барометар за еднакви можностиНајголемиот дел од интервјуираните лица (по околу 90%) ги посочуваат зависниците од дрога и алкохол како групи на луѓе кои не би ги сакале како соседи. Висок процент од граѓаните изјавија дека хомосексуалците исто така не се добродојдени како нивни соседи (83%), а луѓето од различна етничка или верска припадност не се толерирани од околу една четвртина од популацијата (26%).

Пораснат е и процентот на нетолеранција кон странците (18%). Вака распространетата нетолеранција, многу често е и последица, но воедно и причина за нееднаквиот третман и нееднаквите можности на сите граѓани во остварувањето на нивните права.

Еден од начините за проверка на напредокот во спроведувањето на мерките кои ги презема државата и граѓанските организации за не-дискриминација, покрај следењето и анализата на конкретните случаи, се и редовните истражувања на јавното мислење. Ова е особено важно за проверка на постигнувањето на целите, односно за долгорочните промени кон поголема толерантност на граѓаните.

Општа цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Цел на проектот е да се испита состојбата со еднаквите можности на граѓаните во Република Македонија. Целна група е општата јавност. Директни корисници се маргинализираните групи и граѓанските организации кои ги застапуваат нивните интереси. Целното подрачје е Република Македонија.

Очекувани резултати од проектот се добивање резултати за состојбата со човековите права, еднквите можности и недискриминацијата во Република Македонија.

Активности на проектот се:

а) Анкета за еднакви можности

Анкетата ќе биде спроведена во мај 2009 година, на репрезентативен примерок од 1.700 испитаници. Прашалникот ќе биде подготвен од страна на експерти од Центарот за човекови права и разрешување конфликти во координација со МЦМС и Полио плус. За исполнување на целите на истражувањето, како основа ќе се користи специјалниот Еуробарометар. Истражувањето ќе содржи прашања за недискриминација по најмалку шесте основи кои што се утврдени од Европската комисија во рамките на Европската година за еднакви можности во 2007.

б) Извештај за еднаквите можности

Извештајот ќе биде подготвен врз база на наодите од анкетата од страна експерти на Центарот за човекови права и разрешување конфликти и МЦМС. Извештајот ќе биде отпечатен на македонски јазик во 500 примероци. Електронска верзија на албански, англиски и македонски јазик во 500 примероци исто така ќе бидат достапни на компакт дискови (500 копии) и на веб сајтовите на www.equal.org.mk и www.mcms.org.mk.

Периодот на спроведување е 1 февруари – 31 октомври 2009 година.

 

Завршен извештај од проектот

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Барометар за еднакви можности - извршно резиме