Граѓански практики бр. 4 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански практики бр. 4 PDF Печати Е-пошта
Среда, 02 јули 2008 15:57

Автори: Маријана Иванова, Владо Каранфиловски, Елеонора Стојкова, Жанета Ќосе и Мишо Докмановиќ
Дата: 2004 година
PDF:
graganski-praktiki-br.4.pdf

„Волонтерство“ и „Заштита на човековите права низ механизмите на граѓанските организации“

Граѓански практики бр. 4Ова се Граѓанските практики посветени на волонтерството во Македонија и на заштита на човековите права низ механизмите на граѓанските организации.

МЦМС, преку Граѓански практики, реши да го постави пред потенцијалните истражувачи на теми значајни за граѓанското организирање предизвикот наречен волонтерство. Волонтерството како практика на граѓанските организации но, не само нивна. Волонтерството како законски нерегулирана област која крие големи потенцијали. Анализирајќи ги досегашните искуства, авторите на текстовите презентирани на овие страници ги посочуваат искуствата на другите земји во оваа област и ги даваат своите сугестии во кој правец би требало да се размислува и да се дејствува при регулирањето на волонтерството во Македонија.

Овој број на Граѓански практики доаѓа во времето кога во Македонија е отпочната една поширока акција за промовирање на волонтерството од страна на младинските граѓански организации. Се надеваме дека размислувањата презентирани на овие страници ќе дадат свој придонес во формулирањето на конечните решенија во овој вид организирање. Два текста се посветени на втората тема. Во нив вниманието е насочено кон механизмите на заштита на човековите права и во еден дел тоа се задржува на граѓанските организации како еден од тие механизми. Појавата на сe поголем број граѓански организации, за еден од авторите е показател на неможноста на државата да одговори на сите прашања, од една страна, и активизмот на граѓаните кои сакаат преку граѓанските организации самите да си помогнат во надминувањето на проблемите, од друга страна. И двете теми поттикнуваат на размислување за повеќе отворени прашања кои не се ексклузивно поврзани со граѓанското организирање. Затворањето на тие прашања, пак, нe упатува на меѓузависноста на граѓанскиот сектор со другите сектори во општеството.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓански практики бр. 4