Консултативна работилнца за АДКОМ |
Недела, 08 март 2009 10:22 | |||
МЦМС заедно со Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на РМ (АДКОМ) одржа консултативна работилница за дефинирање на приоритетите за реформи во комуналниот сектор и за подобрување на работата на Јавните комунални претпријатија (ЈКП). На работилницата учествуваа членовите на Управниот одбор на АДКОМ, а беше присутен и Ојстин Хауген, директор за меѓународни проекти на КС - Норвешка Асоцијација на Локални и Регионални Власти од Норвешка. Главните цели на работилницата беа да се идентификуваат стратешките насоки за формулација на апликација за подобрување на работата на ЈКП; да се дефинираат клучните елементи кои ќе бидат опфатени со предлог проектот и да се воспостават институционални контакти и соработка со претставниците на КС. На работилницата беше направена анализа на потребите и приоритетите со фокус на неколку области: владини политики и секторски стратегии (водовод, пречистување на отпадните води, канализација и управување со цврст отпад); подобрено финансиско управување; структурна промена на комуналните претпријатија; јавно приватно партнерство; зајакната регулација; системско вреднување и подигање на јавната свест. Апликацијата треба да ја подготват АДКОМ и КС.
|