Промовирани пет нови истражувачки публикации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани пет нови истражувачки публикации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 26 март 2009 16:16

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), денес промовираше пет публикации: „Феминистички почетоци на социјалната работа“ од Биљана Страмшак, „Граѓанските организации во Република Македонија“ од Симонида Кацарска, „Односите со јавноста на здруженијата на граѓани во Македонија“ од Маријана Иванова, „Успех во 10 чекори - создавање на Локален акциски план за прашањето на хендикепот“ од Африм Илјази и „Аспектите на човековата безбедност во Македонија - стари или нови војни“ од Ивана Томовска.

promovirani-pet-novi-publikacii2

Основната идеја на МЦМС беше да се мотивираат младите луѓе, постдипломци, за нивните магистерски трудови да истражуваат на теми кои се од интерес за граѓанското општество. Овие публикации треба да бидат основа за дискусии и за развој на стратегии и планови за развој на граѓанското општество, базирани на истражувања и аргументи, како и да промовира нови имиња, нови експерти во граѓанското општество.

promovirani-pet-novi-publikacii1

Публикациите ги промовираа проф. д-р Слободанка Марковска, Сашо Клековски, прв извршен директор на МЦМС, Билјана Петковска, извршен директор на МИМ, Звонко Шаврески, извршен директор на Полио плус и Сашо Петковски, специјалист по клиничка психологија.

promovirani-pet-novi-publikacii3

Со овој проект вкупно беше подржано издавањето на девет публикации, а вкупниот буџет изнесуваше 730.000 денари.

promovirani-pet-novi-publikacii4

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промовирани пет нови истражувачки публикации