Недела, 10 Февруари 2008 13:02 |
Ова обука започнува од позицијата дека термините застапување и лобирање се користат во врска со широк ранг на активности. Постојат бројни дефиниции за застапување и лобирање и не постои „точна“ дефиниција. Препорачливо е да постои одлука за дефиницијата што ќе се користи која е релевантна на локалниот контекст во кој луѓето работат и која е ефективна во врска со нивните цели. Исто така има различни пристапи на застапувањето и лобирањето во насока на постигнување на специфичните цели.
Со оваа обука ќе ги разберете концептите на застапување и лобирање и ќе ги совладате основните алатки за кампањи за застапување и лобирање. Понатаму ќе ја препознаете важноста на применување на стратешки пристап во идентификувањето прашања, истражување и подготвување на активности, воспоставување партнерства и сојузи и осигурување соодветен капацитет во организациите за постигнување на резултати и влијание. На крај, ќе имате подготвено реалистични акциски планови (такви кои можат да се набљудуваат) за фазата на спроведување, вклучувајќи го и продолжението и списокот за оценување.
Содржина
- Дефинирање на поимот, цели и видови на застапување;
- Влијание и моќ на убедување;
- Клучни фактори на успех во застапувањето и лобирањето;
- Идентификација на прашања за застапување и лобирање: застапување и лобирање во Македонија (успешни приказни, препреки, причини за успех/неуспех);
- Стратегии за застапување и лобирање;
- Техники на застапување и лобирање - како да им пристапиме на доносителите на одлуките;
- Легитимност и отчетност во застапувањето и лобирањето;
- Законска рамка во застапувањето и лобирањето;
- Креирање политики;
- Методи на спогодување;
- Истражување, документација и набљудување;
- Комуникација на пораките за застапување и лобирање;
- Децентрализацијата во Македонија и можностите на граѓанското општество – прашања за застапување и лобирање во локалните области (партиципација во локалната демократија, набљудување на локалната влада, влијание на политиките, воспоставување соработка/партнерства);
- Цели, партнерства и сојузи;
- Ресурси и капацитети за застапување и лобирање.
|