Застапување и лобирање - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Застапување и лобирање PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E diel, 10 shkurt 2008 13:02

Застапување и лобирањеОва обука започнува од позицијата дека термините застапување и лобирање се користат во врска со широк ранг на активности. Постојат бројни дефиниции за застапување и лобирање и не постои „точна“ дефиниција. Препорачливо е да постои одлука за дефиницијата што ќе се користи која е релевантна на локалниот контекст во кој луѓето работат и која е ефективна во врска со нивните цели. Исто така има различни пристапи на застапувањето и лобирањето во насока на постигнување на специфичните цели.

Со оваа обука ќе ги разберете концептите на застапување и лобирање и ќе ги совладате основните алатки за кампањи за застапување и лобирање. Понатаму ќе ја препознаете важноста на применување на стратешки пристап во идентификувањето прашања, истражување и подготвување на активности, воспоставување партнерства и сојузи и осигурување соодветен капацитет во организациите за постигнување на резултати и влијание. На крај, ќе имате подготвено реалистични акциски планови (такви кои можат да се набљудуваат) за фазата на спроведување, вклучувајќи го и продолжението и списокот за оценување.

Содржина

  • Дефинирање на поимот, цели и видови на застапување;
  • Влијание и моќ на убедување;
  • Клучни фактори на успех во застапувањето и лобирањето;
  • Идентификација на прашања за застапување и лобирање: застапување и лобирање во Македонија (успешни приказни, препреки, причини за успех/неуспех);
  • Стратегии за застапување и лобирање;
  • Техники на застапување и лобирање -  како да им пристапиме на доносителите на одлуките;
  • Легитимност и отчетност во застапувањето и лобирањето;
  • Законска рамка во застапувањето и лобирањето;
  • Креирање политики;
  • Методи на спогодување;
  • Истражување, документација и набљудување;
  • Комуникација на пораките за застапување и лобирање;
  • Децентрализацијата во Македонија и можностите на граѓанското општество – прашања за застапување и лобирање во локалните области (партиципација во локалната демократија, набљудување на локалната влада, влијание на политиките, воспоставување соработка/партнерства);
  • Цели, партнерства и сојузи;
  • Ресурси и капацитети за застапување и лобирање.
 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Застапување и лобирање