Петок, 30 јануари 2009 19:10 |
Во текот на јануари и февруари МЦМС спроведува обуки на тема „Како да аплицирате за грантовите на Европската комисија“ за граѓанските организации во Косово.

Целта на овие обуки е да се зголеми знаењето и вештините на организациите кои би аплицирале за ЕИДХР фондовите за тоа како се подготвуваат добри предлог проекти. Обуките ќе бидат спроведени на албански и на српски јазик во Приштина, Пеќ, Ѓаковица, Митровица, Призрен и во Гњилане. Обуката се спроведува за Косовската фондација за граѓанско општество.
|