Еден до друг - различни, а еднакви - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Еден до друг - различни, а еднакви PDF Печати Е-пошта
Петок, 21 ноември 2008 12:52

eden-do-drugГодината 2007 е назначена како „Европска година на еднакви можности за сите“ од страна на Европската комисијата. Комисијата објаснува дека „општата цел на Европската година е да ја зајакне свеста за вредностите на праведно, кохезивно општество, во кои има еднакви можности за сите“. Во држава како Македонија, каде правната заштита на многу групи сè уште не е осигурана, примерот на Европската година носи важна порака која треба да биде пренесена низ целата земја. Македонија нема развиено темелна анти-дискриминациска легислатива, но и однесувањето на луѓето е во голема мерка дискриминирачко.


Македонскиот центар за меѓународна соработна (МЦМС), Полио плус – група за поддршка на луѓето со хендикеп и Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК), ги здружија силите за да го насочат вниманието на јавноста кон проблемот на дискриминацијата во земјата и да ги започнат неопходните промени во следниот период.

Општа цел на проектот беше да создаде ефективна и функционална рамка за еднакви можности на сите луѓе во Македонија.

Цел на проектот беше придонес кон зголемена јавна свест за толеранција, прифаќање на разликите и концептот за еднакви можности.

Целна група на проектот беше јавноста во Република Македонија. Директни корисници беа лицата кои се дискриминирани врз една или повеќе основи.

Целно подрачје е Република Македонија. Повеќето од активностите се водеа на национално ниво, но одредени аспекти беа децентрализирани на локално ниво.

Резултати

Зајакната свест на општата популација.

Промовиран концепт на еднакви можности во општата јавност и во целни посебни групи (граѓански организации, училишта, факултети, медиуми).

Информирани граѓани и специфични групи за препознавање и борба против дискриминацијата.

Активности

Активностите за градење на свеста започнаа со централна медиумска кампања. Таа се состоеше од објави во електронски и печатени медиуми, интернет и односи со јавноста.

За кампањата беа користени електронските медиуми и тоа и телевизија и радиото. За телевизијата беше подготвен ТВ спот, со логото на кампањата, главната порака и дизајнерско решение (сложувалка со разни лица и форми на дискриминација). Тие беа емитувани во рамките на програмските шеми на националните медиуми (МТВ, А1, Сител, Канал 5 и Алсат). Радиото беше опфатено преку радио-форми (приказни за соочување о формите на дискриминација). Радио формите се емитуваа преку националните радија (Канал 77, Сити радио и Радио Вати).

За печатените медиуми беа подготвени огласи/банери и медија принтови. Огласите беа поврзани со слоганот на кампањата, а дизајнерските решенија се прилагодија според главниот мотив (сложувалката спомената погоре), базирано на изработените флаери. Огласите/принтовие беа прикажани во национални дневни весници (Дневник, Време и Коха), како и во списанијата на граѓанските организации (Граѓански свет, Вулкан).

Во интернет делот се правеше постојано ажурирање на веќе постоечката веб страна www.equal.org.mk со материјали и настани што се одвиваа во рамките на кампањата.

Што се однесува до делот за односи со јавност, покрај прес-конференцијата, имаше гостување на претставници од НВО коалицијата на неколку медиуми (пр. МЦМС гостуваше во утринска емисија на МТВ).

Подготвените дизајни во овој проект ќе служат како основа за подготовка на промотивните и информативните материјали кои ќе се користат понатаму во кампањата во рам-ките на децентрализирани настани.

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Еден до друг - различни, а еднакви