Специјален консултативен статус во економскиот и социјален совет на ООН - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Специјален консултативен статус во економскиот и социјален совет на ООН PDF Печати Е-пошта
Сабота, 30 септември 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка во јули оваа година се здоби со статусот “Граѓанска организација со специјален консултативен статус во Економскиот и социјалниот совет на Организацијата на Обединетите нации”.
Економскиот и социјален совет (ЕКОСОЦ) на ООН е првиот приод преку кој граѓанските организации можат да се вкучат во формалното советување на ООН.

Организациите со специјален консултативен статус, освен што имаат консултативен статус во ЕКОСОЦ, работат на прашања што се релевантни за дел од темите на кои работи ЕКОСОЦ, можат да присуствуваат на состаноците на ООН, да бидат поканети на меѓународните конференции на ООН, да предлагаат прашања за дневниот ред на ЕКОСОЦ, да циркулираат изјави на состаноците на ЕКОСОЦ и на состаноците на неговите помошните тела, можат да зборуваат на состаноците на тие помошни тела и мораат да поднесат четиригодишен извештај за својата работа.

Македонскиот центар за меѓународна соработка е првата организација со придавката “македонска” што станала дел од телата на ООН, а втората примена во Советот.

МЦМС &  изразува посебна благодарност на Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите Нации во Њјурок и на Амбасадорот г. Игор Џундев за дадената поддршка.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Специјален консултативен статус во економскиот и социјален совет на ООН