Промовирани две нови публикации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани две нови публикации PDF Печати Е-пошта
Вторник, 31 јануари 2006 01:00

t1Македонскиот центар за меѓународна соработка ги промовираше публикациите: “Луѓе од граѓанскиот сектор” и “Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија”.

“Ова е последната публикација во низата адресари што МЦМС ги подготвува и издава веќе 11 години”, рече промоторот Сунчица Саздовска. “Освен граѓанските организации и проектите, сега на едно место ги имаме и луѓето кои се вклучени во граѓанските организации и во спроведувањето на нивните проекти”.
“Луѓе од граѓанскиот сектор” содржи профили на 71 лидер, активисти, волонтери, обучувачи, консултанти итн. Публикацијата ќе им го олесни пристапот на  заинтересираните да ги најдат ресурсните лица од граѓанскиот сектор.

t2МЦМС ја промовираше и “Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротоворството во Македонија”, публикација заснована на две анкети со кои беа побарани одговори од граѓаните на овие теми. “Граѓаните имаат најголема доверба во сличните на себе”, рече Сашо Клековски, еден од авторите на публикацијата. “Довербата во семејството е 94% но таа се намалува со воопштувањето на категориите. Иако најмалку и верува на државата, македонскиот граѓанин сеуште најмногу очекува од неа”, додаде тој. Во солидарноста на граѓаните веруваат само 26,4% од испитаниците што наметнува заклучок за висока перцепција на “себичноста” кај другиот. “Граѓаните имаат поделена доверба во граѓанските организации, 50,3% имаат, а 49,7% немаат”, рече Александар Кржаловски, еден од авторите. Сепак забележително е дека јавноста има позитивно мислење за граѓанските организации. Познавањето е во корелација со профилот на организацијата и секако со социјалните показатели. “Познавачите на граѓанското општество се припадници на средната класа, т.е. се подобро образовани, живеат во град, вработени се во јавниот сектор, имаат повисоки месечни примања и во просек се помлади”, вели Сунчица Саздовска, еден од авторите на оваа публикација. Истражувањето покажа дека 83,2% од граѓаните дарувале во последните 12 месеци иако бројот на оние што тоа го прават редовно е мал (8,3%). “Приоритетите на граѓаните за дарување не се смениле во послените 5 години”, рече Гонце Јаковлеска, еден од авторите. “И во 2001 и во оваа 2006 година тие најчесто даваат за здравје и здравство, за деца и млади и за хенидикепирани лица”. Истражувањето покажа дека на граѓаните им е најлесно да даруваат во пари и дека најчесто тоа се износи од 10 до 100 денари. Убедливо најприфатливо за нив е дарувањето да го прават директно и на рака.

Истражувањето е одговор на потребата да се проверат претпоставките и планирањето на идните активности да се заснова на факти.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промовирани две нови публикации