Специјален консултативен статус во економскиот и социјален совет на ООН |
E shtunë, 30 shtator 2006 01:00 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка во јули оваа година се здоби со статусот “Граѓанска организација со специјален консултативен статус во Економскиот и социјалниот совет на Организацијата на Обединетите нации”. Организациите со специјален консултативен статус, освен што имаат консултативен статус во ЕКОСОЦ, работат на прашања што се релевантни за дел од темите на кои работи ЕКОСОЦ, можат да присуствуваат на состаноците на ООН, да бидат поканети на меѓународните конференции на ООН, да предлагаат прашања за дневниот ред на ЕКОСОЦ, да циркулираат изјави на состаноците на ЕКОСОЦ и на состаноците на неговите помошните тела, можат да зборуваат на состаноците на тие помошни тела и мораат да поднесат четиригодишен извештај за својата работа. Македонскиот центар за меѓународна соработка е првата организација со придавката “македонска” што станала дел од телата на ООН, а втората примена во Советот. МЦМС & изразува посебна благодарност на Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите Нации во Њјурок и на Амбасадорот г. Игор Џундев за дадената поддршка.
|