Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 Февруари 2025 09:31

Автор: Силвија Митевска, Бојана Јовановска, Елена Кочоска
Дата: 2025 година
ИСБН: 978-608-4848-59-2
ПДФРОДОВА_ЕДНАКВОСТ_И_ИНКЛУЗИВНОСТ_ВО_СПОРТОТ_ВО_МАКЕДОНИЈА.pdf 

ПДФ од презентација на податоциPrezentacija_na_podatoci_-_Rodova_ednakvost_i_inkluzivnost_vo_sportot_vo_Severna_Makedonija.pdf

mkОва истражување ја анализира улогата и застапеноста на жените, вклучувајќи ги и жените со попреченост, во спортските организации во Северна Македонија, фокусирајќи се на барие­рите што го ограничуваат нивното учество и напредок на раководни позиции.

Главниот фокус на истражувањето беше насочен кон вклученоста на жените на раководните позиции, со акцент на анализата на нивната застапеност и структурните и културолошките бариери што го отежнуваат пристапот до ваквите позиции. Исто така, беа опфатени нацио­налните политики и нивната усогласеност со меѓународните стандарди, како и перцепциите за учеството на жените во спортот, со цел да се идентификуваат предизвиците и можностите за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

Наодите покажуваат дека жените се значително помалку застапени на раководни позиции, како што се претседатели и генерални секретари, каде што тие сочинуваат приближно 13% и 17% од позициите, соодветно. Покрај тоа, родовата нерамнотежа е очигледна и во составот на гене­ралните собранија и извршните тела, каде што мажите доминираат со 83% и 77% застапеност.

Иако 77% од организациите декларираат дека родовата еднаквост е дел од нивните стра­тегии, само 27% ја имаат интегрирано во своите статути, а во повеќето случаи таа е делумно спроведена или воопшто не се спроведува. Само 13% од организациите имаат воспоста­вено родови квоти, а политиките за лица со попреченост се уште помалку присутни и често остануваат на декларативно ниво.

Жените со и без попреченост во спортот се соочуваат со бројни бариери при пристапот до позиции на одлучување. Еден од најзначајните предизвици е тоа што спортскиот сектор чес­то се перципира како недостапен и неподдржувачки простор за жени, без воспоставена по­зитивна и инклузивна спортска клима која би ги поттикнала да се пријават за раководни по­зиции. Ова произлегува од доминантната машка култура и структури, кои создаваат чувство на исклученост и ја намалуваат мотивацијата за учество на жените.

Препораките изработени врз основа на истражувањето се насочени кон унапредување на родо­вата еднаквост и прашањето на попреченост во спортот. Општите препораки вклучуваат истражувања за родовиот јаз и попреченоста во спортот, јавни кампањи и обуки за подигнување на свеста за еднаквоста и инклузивноста, како и поттикнување соработка со граѓански организации и локални заедници за развој на инклу­зивни спортски програми.

Препораките за креаторите на политики повикуваат на воведување задолжителна родова застапеност од минимум 40% на одлучувачки позиции како услов за државно финансирање, усогласување на спортските закони со меѓународни стандарди за недискриминација, под­дршка за женскиот спорт и спортските активности за лицата со попреченост преку буџет­ски алокации, како и систематско собирање и објавување на родово разделени податоци за транспарентност. Ова е клучно за обезбедување увид во состојбата, следење на напредокот и пред сѐ, поттикнување одговорност кај креаторите на политики и спортските организации.

Дополнително, се предлагаат даночни стимулации за проекти кои промовираат инклузивна еднаквост, како по основ на род така и по основ на попреченост.

Истражувањето опфати 30 национални спортски федерации, Олимпискиот и Параолимпискиот комитет, со цел да ги идентификува постојните пречки за активно вклучување на жените во спортскиот сектор. Истражувањето користеше квантитативни и квалитативни методи, вклучувајќи примарни и секун­дарни извори, за да обезбеди сеопфатен увид во родовата динамика во спортските институции.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија