Пендаровски да го искористи правото на вето, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пендаровски да го искористи правото на вето, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција PDF Печати Е-пошта
Четврток, 07 септември 2023 11:57

Платформата нагласува дека има две причини зошто Претседателот Пендаровски има должност да го искористи ветото.

PRSM

Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со:

  1. Застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, Трезор, Талир, Шпански скали и Траекторија, како и други случаи од понизок профил.
  2. Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна, и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција
  3. Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.

Втората причина е поврзана со процедуралните недоследности, во кои измените на овие два члена се разгледувани со специјална и кратка процедура под капата на европско знаменце, иако според постоечките кореспондентни табели не се усогласуваат со европското право. На тој начин, се изигруваат скратените процедури и Собранието не ја исполнува својата должност на делиберација по нормите кои ги носи.

Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање до Претседателот Пендаровски.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Пендаровски да го искористи правото на вето, побара Платформата на граѓански организации за борба против корупција