Огромен интерес за грантовите на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Огромен интерес за грантовите на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 31 јули 2023 14:28

Повеќе од 160 заинтересирани претставници на граѓанските организации беа дел од трите информативни сесии посветени на Повикот за партнерски грантови на Цивика мобилитас што се одржаа во Штип, Гостивар и Скопје. Тие има можност да ги слушнат главните насоки за подготовка на концептите на овој повик, темите и начинот на аплицирање, да постават прашања и да ги искористат настаните за вмрежување со колегите од другите организации.

2023 07 31 12 21 24 173 1 1536x864

Се што планираат да спроведуваат организациите треба да биде во согласност со целите и резултатите на Цивика мобилитас и во согласност со темите кои се објавија со овој повик: антикорупција, децентрализација, заштита на животната средина, родова еднаквост/социјална инклузија, образование, здравство и млади.

Голем дел од прашањата се однесуваа на подобноста на потенцијалните апликанти, носителите и партнерите; демонстрацијата  на претходно искуство во менаџирање на проекти, финансиски капацитети итн. Во врска со финансиите, интересот беше насочен кон најнискиот и највисокиот износ што може да се побара, распределбата на буџетот помеѓу партнерите, алоцирањето средства за независна ревизија и сл. Исто така тие се интересираа за опфатот на акциите во географска и во тематска смисла односно, дали акциите можат да се прелеваат нив повеќе теми.

20230731 123609 1536x864

Новина во овој повик е целосното онлајн пријавување за кое е направена посебна платформа www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Организациите пред да ги поднесат концептите ќе се регистрираат на оваа платформа и ќе си отворат свој профил.

Предложените активности треба да бидат во времетраење од 30 до 36 месеци. Максималниот износ на грантот е 14.500.000 денари, додека пак вкупниот расположлив износ за повикот е 1.800.000 швајцарски франци.

viber image 2023 07 20 13 59 50 437 1536x709

Прашањата и одговорите од информативната сесија одржана во Скопје на 31 јули 2023 година, како и оние кои ќе пристигнат на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите заклучно со 31 јули 2023 година ќе бидат објавени во следните денови. Прашањата и одговорите од информативните сесии одржани во Штип (20 јули) и Гостивар (25 јули) како и оние пристигнати преку електронска пошта до 28 јули 2023 година (во 14 часот) се веќе објавени и може да ги видите на https://civicamobilitas.mk/cm-pg/.

Прашањата поврзани со онлајн аплицирањето кои се од технички аспект може да бидат доставени на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со наведување на ЕМБС на организацијата и краток опис на проблемот.

viber image 2023 07 25 13 46 31 016 1536x709

Рокот за поднесување пријави е 30 август 2023 г., најдоцна до 13:00 часот.

Цивика мобилитас е програмата за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската амбасада која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска,  и ФЦГ од Шведска.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Огромен интерес за грантовите на Цивика мобилитас