Огромен интерес за грантовите на Цивика мобилитас |
E hënë, 31 korrik 2023 14:28 | |||
Повеќе од 160 заинтересирани претставници на граѓанските организации беа дел од трите информативни сесии посветени на Повикот за партнерски грантови на Цивика мобилитас што се одржаа во Штип, Гостивар и Скопје. Тие има можност да ги слушнат главните насоки за подготовка на концептите на овој повик, темите и начинот на аплицирање, да постават прашања и да ги искористат настаните за вмрежување со колегите од другите организации. Се што планираат да спроведуваат организациите треба да биде во согласност со целите и резултатите на Цивика мобилитас и во согласност со темите кои се објавија со овој повик: антикорупција, децентрализација, заштита на животната средина, родова еднаквост/социјална инклузија, образование, здравство и млади. Голем дел од прашањата се однесуваа на подобноста на потенцијалните апликанти, носителите и партнерите; демонстрацијата на претходно искуство во менаџирање на проекти, финансиски капацитети итн. Во врска со финансиите, интересот беше насочен кон најнискиот и највисокиот износ што може да се побара, распределбата на буџетот помеѓу партнерите, алоцирањето средства за независна ревизија и сл. Исто така тие се интересираа за опфатот на акциите во географска и во тематска смисла односно, дали акциите можат да се прелеваат нив повеќе теми. Новина во овој повик е целосното онлајн пријавување за кое е направена посебна платформа www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). Организациите пред да ги поднесат концептите ќе се регистрираат на оваа платформа и ќе си отворат свој профил. Предложените активности треба да бидат во времетраење од 30 до 36 месеци. Максималниот износ на грантот е 14.500.000 денари, додека пак вкупниот расположлив износ за повикот е 1.800.000 швајцарски франци. Прашањата и одговорите од информативната сесија одржана во Скопје на 31 јули 2023 година, како и оние кои ќе пристигнат на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë заклучно со 31 јули 2023 година ќе бидат објавени во следните денови. Прашањата и одговорите од информативните сесии одржани во Штип (20 јули) и Гостивар (25 јули) како и оние пристигнати преку електронска пошта до 28 јули 2023 година (во 14 часот) се веќе објавени и може да ги видите на https://civicamobilitas.mk/cm-pg/. Прашањата поврзани со онлајн аплицирањето кои се од технички аспект може да бидат доставени на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со наведување на ЕМБС на организацијата и краток опис на проблемот. Рокот за поднесување пријави е 30 август 2023 г., најдоцна до 13:00 часот. Цивика мобилитас е програмата за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската амбасада која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска, и ФЦГ од Шведска.
|