Нова енергија за новата фаза на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нова енергија за новата фаза на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 јуни 2023 13:26

Повеќе од 170 претставници на граѓанските организации беа дел од овогодишната Средба за вмрежување на Цивика мобилитас која се одржа на 8 и 9 јуни 2023 година во Скопје. Ова, уште еднаш ја потврди репутацијата на овој настан како најголем собир на граѓанскиот сектор во земјава.

tom7374 1536x1024

„Кога земјата се соочува со повеќе кризи, како што е случајот со Северна Македонија, улогата на граѓанското општество е уште поважна“, рече Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман. Таа истакна дека поддршката на Швајцарија за граѓанското општество ќе продолжи преку Цивика мобилитас во следните 3,5 години, но нема да застане со завршувањето на Цивика мобилитас. „За Швајцарија е важно да ја види улогата на граѓанските организации во подобрувањето на доброто владеење, обезбедувањето услуги, градењето свест итн.“, додаде таа.

tom7120 1536x1024

Учесниците зборуваа за постигнувањата кои тие, со поддршката на Цивика мобилитас ги направиле и за промените кои се случуваат благодарение на тие постигнувања. На овој начин, сите заедно стануваме посвесни за придонесот кон промените во македонското општество и за големината на потфатот што го прави граѓанскиот сектор. Имајќи ги предвид различните акции и теми во кои работеа грантистите, беше одлична можност меѓусебно да слушнат и да се инспирираат за следните партнерства и акции. Тимот на Цивика мобилитас постави изложба од постигнувањата на грантистите од последната фаза, а учесниците имаа можност да ги погледнат и да гласаат за оние кои им оставиле најдобар впечаток. Според нив, најголемите постигнувања на Цивика мобилитас до сега, се во областа на социјална инклузија.

tom6866 1536x1024

Беше претставена новата фаза од Цивика мобилитас. „Со оглед на тоа дека ја започнуваме последната фаза на Цивика мобилитас, ќе ја водиме така да ги институционализираме најголем дел од продуктите кои ги создадовме во претходните фази“, рече Александар Кржаловски, директор на МЦМС и лидер на тимот на Цивика мобилитас. „Фокусот ќе биде на застапувањето кои треба да предизвика видливи и мерливи промени во следните неколку години“, додаде тој.  Една од главните заложби ќе остане зголемувањето на фондот за финансирање на граѓанските организации од страна на државата за што и самата Влада се обврза со носењето на последната Стратегија за соработка со граѓанското општество.

Дел од презентацијата на новата фаза беа новите грантови, за кои се направи почетна дискусија и консултација со присутните. Тимот на Цивика мобилитас најави дека во двата нови типа грантови, фокус ќе биде ставен на партнерствата, а деталите ќе бидат дискутирани веднаш по објавувањето на повиците. Во таа смисла, вториот ден, вмрежувањето беше направено на поорганизиран начин. Поделени тематски, учесниците имаа можност да разговараат меѓу себе и да зацврстат постоечките партнерства и воспостават релации кои ќе водат кон нови.

tom7405 1536x1024

За тимот на Цивика мобилитас беше задоволство да се слушне дека најголем дел од присутните оствариле нови релации со колегите од секторот, што всушност е и целта на оваа Средба за вмрежување. Самата Средба за вмрежување ја оценија како креативна, корисна и интересна. Веруваме дека воспоставените релации овде ќе продолжат и ќе водат до многу заеднички акции со кои ќе продолжат општествените промени кои ќе им го подобрат животот на крајните корисници, граѓаните.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нова енергија за новата фаза на Цивика мобилитас