Ранливост на заедницата - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ранливост на заедницата PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 27 март 2023 08:39

Косовскиот центар за безбедносни студии (KCSS), во рамки на проектот PAVE ја истражуваа онлајн и офлајн (де)радикализацијата во регионот на Западен Балкан и Блискиот исток и Северна Африка. Во инфографикот подолу се презентирани наодите за Западен Балкан (со фокус на С. Македонија и Косово).

thumb Ranlivost na zaednicata MK

Истражувањето укажува дека дел од причините и мотивите за радикализација лежат во сиромаштијата, општествено-политичките и социо-економските предизвици, етнонационалистичкиот говор на омраза, политичката маргинализација, ограничените можности за младите, дезинформациите, сензационалистичкото известување, нерегулираните онлајн медиуми итн.    

Многумина сметаат дека онлајн каналите за комуникација, особено социјалните мрежи, имаа негативна улога во овие процеси. И истражувањето на KCSS покажало дека онлајн каналите се помоќни во радикализација отколку во дерадикализација. Ова ги прави општествата ранливи заради што, како контратежа се потребни канали кои ќе го промовираат знаењето, образованието и медиумската писменост и ќе придонесат за посилна социјалната кохезија.

Државните мерки, програми, се дел од решенијата во регионот и во моментов тие покажуваат поголема ефикасност, особено кога се во прашање безбедносните аспекти. 

Инфографикот е подготвен врз основа на резултатите од истражувањето „Online and Offline (De)radicalisation in the Balkans and MENA Region-Synthesis Report “ на KCSS, за што е добиена претходна согласност. Самата подготовка е направена како дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата (РРП)“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Нексус – граѓански концепти, Иницијативата за европска перспектива (ИЕП), Хоризон Цивитас и Плеиадес, а финансиски го поддржува Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата – ГЦЕРФ

Ranlivost na zaednicata MKCommunity vulnerability ENG

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Ранливост на заедницата