Попрецизно следење на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за СНЕ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Попрецизно следење на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за СНЕ PDF Печати Е-пошта
Сабота, 24 јуни 2023 09:00

Претставници на институциите кои го сочинуваат Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБПТ) и на граѓанските организации беа дел од обуката што ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и се одржа од 21 до 23 јуни 2023 година во Охрид. Обуката се одвиваше во два дела. Првиот беше посветен на безбедносните предизвици во работата со странските терористички борци-повратници и членовите на нивните семејства. Ова исто така ја вклучи Програмата за ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција на овие лица. Вториот дел беше посветен на моделите на следење на спроведувањето на Акцискиот план на Стратегијата за спречување насилен екстремизам.   

viber image 2023 06 23 11 38 20 410 MCMS

Воведот за безбедносните предизвици го дадоа претставниците на институциите чие долгогодишно искуство ги обезбеди потребните информации и насоки при работењето со оваа чувствителна целна група. За време на дискусијата, учесниците се осврнаа на улогата на семејството, верските заедници, образовните институции, полицијата, правосудните органи и сл. Беше истакнато дека еден од стандардите што се применува во работата со овие лица е индивидуалниот пристап имајќи предвид дека секој од случаите има свои специфики. 

Во вториот дел, каде фокусот беше на следењето, учесниците зборуваа за потребата од набљудување и оценка и потребните чекори во тој систем. Преку презентацијата беше разјаснето кои се приоритетите и намените за кои ќе се користи набљудувањето, кои се клучните чинители на кои им е потребно набљудување и кои се клучните индикатори за постигнувањата и прогресот. Во практичниот дел, учесниците работеа на Акцискиот план на Стратегијата за спречување насилен екстремизам. Поделени во групи, тие дискутираа за три од стратешките цели од Стратегијата и започнаа со подготовката на подетален план за следење на планираните активности.

viber image 2023 06 23 11 32 59 299 MCMS

Презентациите на секоја од групите овозможија заеднички дискусии, споделување размислувања за предложените решенија и искуства од спроведувањето на претходната Стратегија. 

Учесниците изразија подготвеност да продолжат со подготовката на планот за следење на Акцискиот план и по завршувањето на обуката со што би се добил подетален документ што ќе го олесни овој процес не само за Националниот комитет туку и за институциите вклучени во него како и за граѓанските организации.     

viber image 2023 06 23 11 38 20 336 MCMS

Обуката беше организирана како дел од активностите на програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ (РРП) која ја спроведува МЦМС во партнерство со НЕКСУС-граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плеиадес и Хоризон Цивитас. Програмата ја финансира Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Попрецизно следење на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за СНЕ