Црвен картон за дивите депонии во општина Шуто Оризари - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Црвен картон за дивите депонии во општина Шуто Оризари PDF Печати Е-пошта
Среда, 01 март 2023 10:17

Здружението Иницијатива за развој и инклузија на заедниците ИРИЗ на 22 февруари 2023 година организираше јавна петиција во зградата на општината Шуто Оризари со која, заедно со граѓаните побараа од локалните власти да ги расчистат дивите депонии во општината. Граѓани зборуваа за проблемите предизвикани од дивите депонии како што се непријатната миризба, загадувањето на воздухот, ширењето болести кои ги погодуваат сите возрасни категории итн.

guy 3 MCMS

„Бараме да се реши проблемот затоа што вака, се почесто и почесто ќе се разболуваме од загадениот воздух. Ова мора да се реши еднаш засекогаш“, рече Исамедин Шабан, граѓанин на Шуто Оризари, и додаде дека Градоначалничката на Скопје мора да си го исполни ветувањето или граѓаните ќе преземат поинтензивни мерки. Ова не беше прва акција за собирање потписи од граѓаните. Активистите на „Ириз“ собираа потписи во периодот од 1 до 8 февруари од врата на врата. На овој начин, тие ги мобилизираат граѓаните за заедно да ја алармираат градската власт која во предизборната кампања вети дека за 82 дена ќе ги исчисти сите диви депонии.

Учесниците беа согласни дека притисокот на локалната власт мора да трае до конечно решавање на проблемот на граѓаните. 

Сумираните дискусии на учесниците на настанот ќе бидат преточени во барања и доставени до Градоначалничката на Скопје како и до советниците на општината Шуто Оризари. 

Јавната петиција беше овозможена со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Црвен картон за дивите депонии во општина Шуто Оризари