Средношколците побараа итна реконструкција на спортската сала на СЕОУ Гостивар - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Средношколците побараа итна реконструкција на спортската сала на СЕОУ Гостивар PDF Печати Е-пошта
Петок, 10 март 2023 10:16

Средношколците од Средното економско општинско училиште (СЕОУ) Гостивар кои учествуваа на работилницата што ја организираше Здружението за интеграција на Ромите, испратија јасна порака до сите засегнати страни: потребна е итна реконструкција на спортската сала во училиштето за да можат непречено да се одвиваат спортските активности на учениците.

IMG 20230220 WA0016 MCMS

Работилницата се одржа на 20 февруари 2023 година во ресторанот „Вита аби“ во Гостивар и на неа учествуваа 28 граѓани и претставници на институциите. Здружението за интеграција на Ромите од Гостивар го организираше овој настан за да ја алармира локалната самоуправа за проблемите со кои се соочуваат учениците од СЕОУ Гостивар. „Учениците имаат сериозни проблеми и тешкотии да ги спроведат нивните спортски активности“, рече Елиф Мемедоска, ученичка во ова училиште. 

Аслијан Снопче, раководител на Секторот за образование во општина Гостивар, истакна дека спортската сала веќе е дел од развојната програма на општина Гостивар и дека за неа е подготвен план за реконструкција. Според Михајло Ѓиноски, директор на СЕОУ Гостивар, во повеќе наврати е разговарано за овој проблем со Министерството за образование и наука. Покрај тоа, тој информираше дека е издвоен и буџет за реконструкцијата во износ од  5 милиони денари (81.300 евра) што дава надеж дека до почетокот на новата учебната година салата ќе биде реконструирана. 

IMG 20230220 WA0027 MCMS

Здружението за интеграција на Ромите од Гостивар ги сумираше сите дискусии и  ги формулираше заедничките заклучоци кои ќе бидат доставени до локалната самоуправа и до Министерството за образование и наука како барање за итно реконструрање на спортската сала на СЕОУ Гостивар.

Работилницата беше овозможена со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Средношколците побараа итна реконструкција на спортската сала на СЕОУ Гостивар