Црвен картон за дивите депонии во општина Шуто Оризари - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Црвен картон за дивите депонии во општина Шуто Оризари PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 01 mars 2023 10:17

Здружението Иницијатива за развој и инклузија на заедниците ИРИЗ на 22 февруари 2023 година организираше јавна петиција во зградата на општината Шуто Оризари со која, заедно со граѓаните побараа од локалните власти да ги расчистат дивите депонии во општината. Граѓани зборуваа за проблемите предизвикани од дивите депонии како што се непријатната миризба, загадувањето на воздухот, ширењето болести кои ги погодуваат сите возрасни категории итн.

guy 3 MCMS

„Бараме да се реши проблемот затоа што вака, се почесто и почесто ќе се разболуваме од загадениот воздух. Ова мора да се реши еднаш засекогаш“, рече Исамедин Шабан, граѓанин на Шуто Оризари, и додаде дека Градоначалничката на Скопје мора да си го исполни ветувањето или граѓаните ќе преземат поинтензивни мерки. Ова не беше прва акција за собирање потписи од граѓаните. Активистите на „Ириз“ собираа потписи во периодот од 1 до 8 февруари од врата на врата. На овој начин, тие ги мобилизираат граѓаните за заедно да ја алармираат градската власт која во предизборната кампања вети дека за 82 дена ќе ги исчисти сите диви депонии.

Учесниците беа согласни дека притисокот на локалната власт мора да трае до конечно решавање на проблемот на граѓаните. 

Сумираните дискусии на учесниците на настанот ќе бидат преточени во барања и доставени до Градоначалничката на Скопје како и до советниците на општината Шуто Оризари. 

Јавната петиција беше овозможена со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Црвен картон за дивите депонии во општина Шуто Оризари