Албанија прва, Македонија трета по корупција на Балканот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Албанија прва, Македонија трета по корупција на Балканот PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 11 април 2022 09:44

На третата сесија на регионалниот форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“, што се одржа на 7 април 2022 година, Александар Герганов, претставник на Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ, презентираше податоци за корупциските трендови во Западен Балкан во периодот од 2014 до 2021 година. 

slika 1

Резултатите од системот за следење на корупција на СЕЛДИ спроведен во сите шест земји од регионот покажува дека антикорупцискиот напредок постигнат помеѓу раните 2000-ти и средината на првата декада, денес е во стагнација или дури има ефект на опаѓање

Албанија се уште останува земја со најголема вклученост во корупција. Податоците покажуваат дека од 57% од населението постаро од 18 години било побарано, а 47% од нив дале мито. На второто место е Босна и Херцеговина со 42% од граѓаните кои биле дел од коруптивни дејствија. Северна Македонија се наоѓа на третото место на Балканот. Во нашата земја од 34% од граѓаните бил побаран поткуп, а 33% ја дале потребната сума, услуга, подарок. Најниско на листата е Србија каде 24% од жителите биле инволвирани во корупција. 

Толеранцијата на корупцијата од страна на пошироката јавност, иако опаѓа, сепак се движи меѓу 25% и 40%. Огромно мнозинство од граѓаните, 65%, во земјите од регионот очекуваат да им се побара мито при извршување на одредени обврски, а 40% од граѓаните признаваат дека платиле некаков вид на поткуп. 

Иако во 2021г. се нотирани мали подобрувања во некои земји во споредба со нивото од 2019г., како Црна Гора и Србија, показателите засновани на искуство (притисокот да се даде мито и вмешаноста во корупција) покажуваат повисоки нивоа на административна корупција отколку во 2014/2016г. Највисоко на листата е Босна и Херцеговина со зголемување од 19,3%. 

slika 2

„Ова укажува на длабока криза во довербата во владата во регионот и народот има изгубено надеж во одговорите на антикорупциската политика“, посочува Герганов. Неговите препораки за борба против корупцијата во регионот се базираат на поголема транспарентност, односно објавување детални извештаи/информации за јавни набавки,  потекло на имот и независна проценка на антикорупциски политики на ниво на јавни институции. Ја потенцираше и потребата од поголема соработка со граѓанските организации, како и редовно следење на нивото на административна корупција која доведува до состојба на „заробена држава“. 

Истражувањето е базирано на документот за јавни политики „Корупцијата во Западен Балкан не се намалува: Што е следно“, објавен од СЕЛДИ на 13 јануари 2022 година. 

VIK 2256 MCMS

На последната сесија за време на Форумот насловена како „Стратешки партнерства за помош против корупција во Западен Балкан“ говореа Војтек Хонс, од Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Билјана Ивановска, претседателка на Антикорупциската комисија на Северна Македонија, Јелена Перовиќ, директорка на Антикорупциска агенција на Црна Гора, Ровена Сулстарова од Институтот за демократија и медијација од Албанија, Андрија Младеновиќ од Центарот за европски политики на Србија, Викторија Нестероваите од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) и Ана Џурниќ од Институт Алтернатива од Црна Гора.

слика ооследна сесија MCMS

Погледнете ги сесиите и конференцијата во целост.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Албанија прва, Македонија трета по корупција на Балканот