Внатрешни дискусии за подобрување на СЕЛДИ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Внатрешни дискусии за подобрување на СЕЛДИ PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 април 2022 15:05

Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ одржа работилница на 8 април 2022 година во Скопје. Темата на работилницата беше „СЕЛДИ и иднината на анти-корупцијата во Западен Балкан и Европа 2022-2025: Научени лекции и скенирање на хоризонтот“.

20220408 111135 MCMS 1

Даниела Минева од Центарот за изучување на демократијата (ЦСД) од Бугарија и Јасмина Ристовска од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) се осврнаа на научените лекции од изминатите четири години. Претставниците на членките на СЕЛДИ работеа во групи и главно се фокусираа на начините за подобрување на соработката, на можните нови индикатори со кои би се постигнала поголема видливост на Мрежата и на нејзините постигнувања.

Во вториот дел од работилницата, Руслан Стефанов од ЦСД презентираше неколку начини за зголемување на влијанието на СЕЛДИ во регионот и пошироко, а присутните предлагаа можни тематските приоритети и методи чија употреба може да обезбеди финансиска одржливост на мрежата.

20220408 111125 MCMS 1

На крајот на работилницата, членките го одржаа редовниот месечен состанок на кој се дискутираа тековните и идни активности.

Работилницата е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“, финансиски поддржан од Европската Унија.

 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Внатрешни дискусии за подобрување на СЕЛДИ