Кадровско и финансиско јакнење на институциите за борба против корупција во регионот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кадровско и финансиско јакнење на институциите за борба против корупција во регионот PDF Печати Е-пошта
Четврток, 07 април 2022 15:17

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје и Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ, денес, 07 април 2022г., го одржаа регионалниот форум: „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“.

viber image 2022 04 07 14 18 40 882 MCMS

Во воведната сесија амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз, го истакна напредокот на Македонија и на другите земји во регионот, посочувајќи дека земјава се поместила за 24 места на листата за перцепција на корупцијата. „Би сакале да го задржиме овој момент на движење, но претстои многу работа. Борбата против корупцијата мора да се спроведува секој ден, во секоја институција и за доброто на секој граѓанин“, вели Брнз. Според неа Владите можат да придонесат во таа борба но, покрај активната заложба на вицепремиерката Славица Грковска на промовирање на добрите практики, потребна е и политичка волја. 

viber image 2022 04 07 16 14 49 421 MCMS

На ова се осврна и Алан Џонс, раководител на одделот на ДГ НЕАР за поддршка на владеење на правото, управување и безбедност на ЕУ.  „Ние се повеќе се фокусираме на подигнување на свеста за корупцијата во царината, образование, транспортот, енергетиката, а за сето тоа е потребна политичка волја која е суштинска за секоја држава“. За да се стигне до членство во ЕУ мора да има борба против корупцијата, тука не смее да има компромис, порача Џонс додавајќи дека ЕУ многу повнимателно гледа како се спроведуваат новите закони и дали има добри резултати.

Антикорупциска дипломатија со трансатлантските партнери беше темата на првата сесија на која се обратија Руслан Стефанов од Центарот за изучување на демократијата од Бугарија, Никола Буразер, Програмски директор на Центарот за современа политика и Снежана Петијевиќ, Програмски менаџер на КРИК двајцата од Србија, кои дискутираа за клучните приоритети и активности што треба да ги има антикорупциската дипломатија во Западен Балкан. „Независните медиуми и граѓанските организации имаат важна улога во процесот. Медиумите ги откриваат случаите на корупција, а организациите го следат процесот. Практично ја завршуваат работата на институциите кои треба да работат со нив“, истакна Буразер. 

viber image 2022 04 07 16 15 19 498 MCMS

Борбата против корупцијата е феномен што не се решава преку ноќ. Потребен е сеопфатен пристап, зајакнување на меѓуинституционалната и регионалната соработка, како и јакнење на капацитетите за борба против оваа појава. Неопходно е и кадровско и финансиско јакнење на институциите за борба против корупцијата, со цел да се постави солидна основа и за поефикасна регионална соработка, е заклучокот од втората сесија посветена на „Јакнење на меѓувладината соработка во борбата против корупцијата“. На оваа сесија учествуваа заменик-министерот за правда во Владата на РСМ, Агим Нухиу, министерот за правда на Албанија, Улси Мања, косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу и Бојан Божовиќ, државен секретар во Министерството за правда на Црна Гора. Според Нухиу борбата против корупцијата останува стратешки приоритет на државата и потребно е да се изгради систем што ќе има правила и дисциплина, систем во кој институциите ќе бидат функционални и во служба на граѓаните. „Работиме на зајакнување меѓуинституционалната соработка, како и на дигитализација на институциите. Македонија е една од првите земји потписнички на договорот за размена на податоци за имотната состојба, што ги потврдува нашите ангажмани во борбата против корупцијата и за зајакнување на соработката во регионот и пошироко“, рече Нухиу.

viber image 2022 04 07 16 15 39 539 MCMS

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Кадровско и финансиско јакнење на институциите за борба против корупција во регионот