Дигитализација, едукација, соработка и казнивост може да ја направат борбата против корупцијата поефективна - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дигитализација, едукација, соработка и казнивост може да ја направат борбата против корупцијата поефективна PDF Печати Е-пошта
Четврток, 07 април 2022 08:40

Претставници од граѓанскиот сектор, Владата и бизнис заедницата на вториот ден од Националната работилница за имплементација на Конвенцијата на ООН против корупција (УНКАК) се фокусираа на зајакнувањето на соработката помеѓу засегнатите страни. Според дискутантите, ова не е проблем само на неколку институции кои директно работат во оваа сфера, туку на секоја институција, граѓанска организација, компанија и секој граѓанин во оваа земја кои само заеднички може да придонесат за намалување на корупцијата. 

0 02 0a d1fca179f5603d6b64755b3438653d7dd84b45630917a0dbbc62cb1cea5821f0 96539778afeb4d3f

За Миша Поповиќ од Платформата на граѓански организации за борба против корупција, дополнителен предизвик е бавната реформа во правосудството бидејќи неказнивоста е еден од основните проблеми. „Вие може да имате превентивни институции кои работат меѓутоа доколку не постои репресија на корупцијата, доколку излегува дека корупцијата се исплати, тогаш се обесхрабрува борбата. Мислам дека општествените ресурси сега треба да бидат насочени кон правосудството, за да се обезбеди казнивост”, додава Поповиќ.

УНКАК и неговиот механизам на ревизија се моќни алатки во рацете на граѓанските организации, вели Јасмина Ристовска од МЦМС, координатор на програмата Регионална мрежа за антикорупција која се спроведува во шест земји од Западен Балкан. „На овој начин се обезбедува основа на граѓаните и граѓанските организации да ги држат владите одговорни за нивните обврски во борбата против корупцијата. Стандардите на УНКАК ја поддржуваат антикорупциската реформа и нудат моќ за промена“, вели Ристовска.

0 02 05 bd06b92e119d525ef5df97d4213967050cd227a264d9e5c0a466034943cca407 55d4a000c2c4b29c

За состојбата со приватниот сектор зборуваше Нена Николовска од Стопанската комора на Северна Македонија потенцирајќи дека појавите како корупција, криминал, сива економија кои негативно се одразуваат врз јавниот сектор, негативно влијаат и врз стопанството. Корупцијата е голема пречка за водење бизнис, за инвестициски вложувања и за започнување деловни потфати. „Заложбите се за целосна дигитализација при издавањето дозволи, одобренија, уверенија и други услуги во јавната администрација, бидејќи веруваме дека на тој начин ќе се минимизира можноста за коруптивно однесување, односно ќе се намали контактот помеѓу приватниот и јавниот сектор кој овозможува создавање на вакво поведение“, вели Николовска. 

Учесниците на работилницата дискусијата ја продолжија во работните групи водени од Матиас Хутер и Данела Њуман од Коалицијата УНКАК. Потребата да се зголеми довербата кај граѓаните за пријавување корупција преку кампањи за подигање на свеста поддржани од граѓанскиот сектор се наметна како заедничка констатација на групите. Тие сметаат дека недостасува едукација на граѓаните на оваа тема, како и меѓусебна соработка на граѓанските организации кои се директно вклучени во борбата против корупција. Од страна на институциите велат дека е потребна поголема гаранција за граѓаните кои ќе пријават корупција. 

0 02 05 974dbd18da1a0c63aa5c56d48b3b3ed1fde4ead94a9876a982500087dc1a3e03 14899df5001c7e64

Национална работилница за имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупција (УНКАК) се одржа на 05 и 06 април 2022 година, а ја организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Учествуваа 41 претставник од граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и владините институции.

0 02 05 c7ce3a5ea23814e930655dccb1fd054fbcd36fb90941b967171f1145a5a845b1 183525bf417cfa77

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Дигитализација, едукација, соработка и казнивост може да ја направат борбата против корупцијата поефективна