„Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“ |
Понеделник, 04 април 2022 13:12 | |||
Македонски центар за меѓународна соработка и Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје организираат регионалниот форум: „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“. Настанот, кој ќе се одржи на 7 април со почеток од 10 часот ќе биде во хибриден формат, онлајн и во хотелот Холидеј Ин во Скопје. Целта на настанот е да се потикнат тековните и неопходни антикорупциски реформи и да се обезбеди простор за дискусија за начините за подобрување на соработката меѓу меѓународните, владините и граѓанските актери. На настанот ќе се обратат министрите за правда од Западен Балкан, лидери од граѓанското општество, уредници на истражувачки редакции и меѓународни претставници. Настанот е поддржан од Европската комисија преку проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“ и Амбасадата на САД во Скопје преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
|