Нов двомесечен билтен на СЕЛДИ за случувања на полето на антикорупција |
Понеделник, 21 март 2022 14:34 | |||
Во новиот двомесечен билтен на СЕЛДИ може да прочитате за новите случувања на полето на антикорупција на Балканот и активностите на организациите членки на мрежата. Во февруари СЕЛДИ го оддржа редовниот годишен состанок на мрежата, а пред тоа организираше и вебинар посветен на ГО и Мрежите на ГО од регионот, нивната соработка, простор за вмрежување и заеднички активности. ЦЦИ продолжи со активностите за јакнење на капацитети на дел од институции, додека пак ИДСЦС организираше стратешки работилници со државни институции и ГО за корупцијата во 2030. Дополнително, за напредокот на Црна Гора и постигнувањата може да читате од документите за јавни политики подготвени од ЦДТ, а за влијанието на регионалните организации и иницијативи во ЗБ и улогата на Собранието во справување со дезинформации пишуваа ИДСЦС. Информациите се собрани од повеќе различни извори за да ви овозможат најрелевантни информации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС. Програмата е финансирана од Европската Унија.
|