„Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“ PDF Print E-mail
Monday, 04 April 2022 13:12

Македонски центар за меѓународна соработка и Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје организираат регионалниот форум: „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“.

277366747 5003801726347488 6885703826824079201 n

Настанот, кој ќе се одржи на 7 април со почеток од 10 часот ќе биде во хибриден формат, онлајн и во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Целта на настанот е да се потикнат тековните и неопходни антикорупциски реформи и да се обезбеди простор за дискусија за начините за подобрување на соработката меѓу меѓународните, владините и граѓанските актери.

На настанот ќе се обратат министрите за правда од Западен Балкан, лидери од граѓанското општество, уредници на истражувачки редакции и меѓународни претставници. 

Настанот е поддржан од Европската комисија преку проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење на капацитети за мониторинг, застапување и подигање на јавната свест“ и Амбасадата на САД во Скопје преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокус“