Регионален форум „Влијанието на КОВИД-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален форум „Влијанието на КОВИД-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 Февруари 2022 13:38

Со задоволство ве покануваме на регионалниот форум „Влијанието на КОВИД-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“. Форумот ќе се одржи онлајн на 28 февруари 2022 година. 

covid 19 impact on economy

Овој форум е организиран во рамките на регионалниот проект „Поттикнување на регионална соработка и одговори на ниво на политики во време на криза“ спроведуван од Партнерс Албанија за промени и развој, Македонски центар за меѓународна соработка, Центар за граѓански иницијативи, Центар за развој на невладини организации, Граѓански иницијативи и Фондација за граѓанско општество на Косово. Проектот е финансиран од Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund of the United States и УСАИД. 

Целта на регионалниот форум е да се презентира и дискутира за моменталната состојба на влијанието на КОВИД-19 врз економијата, особено врз социјалната економија, истакнувајќи ги клучните прашања и предизвици со кои се соочуваме и преземените мерки од гледна точка на сите засегнати страни, со што ќе се придонесе за споделување на искуства и промовирање на успешни практики. Понатаму, форумот ќе се осврне и на ситуацијата на меѓусекторска координација и вклучување на засегнатите страни. Исто така, на овој форум ќе бидат предложени препораки за политиките за решавање на проблемите и намалување на социо-економските ефекти. 

На настанот се очекуваат над 100 учесници од Република Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, вклучувајќи претставници на граѓански организации, регионални мрежи, меѓународни организации, академската заедница, приватниот сектор, медиумите, релевантните државни институции и други релевантни чинители. 

Ве молиме имајте предвид дека преводот ќе биде обезбеден на англиски, македонски, албански, српски и босански јазик. 

АГЕНДА

За да учествувате на форумот, ве молиме регистрирајте се до 25 февруари 2022 година на следниот линк: https://forms.office.com/r/TivuQ1U7Qx 

Линк до онлајн форумот ќе биде испратен до пријавените учесници.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионален форум „Влијанието на КОВИД-19 врз економијата, со посебен фокус на социјалната економија“