Менторската поддршка ги зајакна капацитетите на организациите |
Среда, 23 јуни 2021 12:48 | |||
Редефинирање на целите и стратегиите на организациите, подготовка на планови за организациски развој, подобрување на тимската работа и сл., се дел од искуствата кои ги споделија претставници на 11 институционални грантисти на Цивика мобилитас на завршниот настан на програмата Менторска поддршка за граѓанските организации, одржан на 22 јуни 2021г.
За време на работилницата беше спроведена анкета посветена на менторската поддршка. Претставниците на граѓанските организации на скала од 1 до 5, задоволството од програмата го оценија со високи 4,8. Оценката беше речиси еднакво висока и за менторите кои константно работеа со организациите на нивното подобрување во различни области.
На прашањето: „Колку корисна беше програмата Менторство за организациски развој за вашата организација, без исклучок учесниците одговорија: „многу корисна“, а соработката беше истакната како една од поважните придобивки во процесот. Дел од менторската поддршка беа 12 граѓанските организации, институционални грантисти на Цивика мобилитас, чии тимови кои броеја од 5 до 10 членови работеа со локални ментори на зајакнување на организациските капацитети.
|