Менторската поддршка ги зајакна капацитетите на организациите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Менторската поддршка ги зајакна капацитетите на организациите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 23 qershor 2021 12:48

Редефинирање на целите и стратегиите на организациите, подготовка на планови за организациски развој, подобрување на тимската работа и сл., се дел од искуствата кои ги споделија претставници на 11 институционални грантисти на Цивика мобилитас на завршниот настан на програмата Менторска поддршка за граѓанските организации, одржан на 22 јуни 2021г.

22.6 MOD INS 05 1 1536x791

„Заедно со тимот и менторката, успеавме да проектираме идни активности и работи кои немаше да ги воочиме доколку не работевме заедно, односно некој да не води низ целиот процес. Дополнително преку менторството за организациски развој откривме оргомен потенцијал на нашата организација, за кој не сме знаеле дека го поседуваме“, изјави Јасмина Голубовска, проектен координатор во здружението Легис.

За време на  работилницата беше спроведена анкета посветена на менторската поддршка. Претставниците на граѓанските организации на скала од 1 до 5, задоволството од програмата го оценија со високи 4,8.

mentimetar 2 1

Оценката беше речиси еднакво висока и за менторите кои константно работеа со организациите на нивното подобрување во различни области.

„За нас во време на пандемија вистински предизвик беше да ги споиме точките помеѓу нашите целни групи и ситуацијата во која се наоѓаме, но успеавме. Нашата менторка Љупка направи да почуствуваме нова енергија која не мотивираше и внесе доза на возбуда“, истакна Маја Бабиќ, член на Извршниот одбор на здружението за борба против ракот „БОРКА“.

На прашањето: „Колку корисна беше програмата Менторство за организациски развој за вашата организација, без исклучок учесниците одговорија: „многу корисна“, а соработката беше истакната како една од поважните придобивки во процесот.

mentimetar mod

Дел од менторската поддршка беа 12 граѓанските организации, институционални грантисти на Цивика мобилитас, чии тимови кои броеја од 5 до 10 членови работеа со локални ментори на зајакнување на организациските капацитети.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Менторската поддршка ги зајакна капацитетите на организациите