Нови знаења и вештини за новите предизвици на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нови знаења и вештини за новите предизвици на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Четврток, 10 јуни 2021 00:05

Соработниците на МЦМС и претставници на дел од партнерските организации ги подобрија своите знаења и вештини благодарение на обуките кои ги спроведе Раководење за развојни фондации (Management for Development Foundation – MDF) од Холандија, а во најголем дел ги финансираше Министерството за надворешни работи на Холандија преку програмата Оринџ нолеџ (Orange Knowledge Program) раководена од НУФИК (Nuffic) исто така од Холандија.

3.2. MDF MEL 25.3.2021

Обуките се одвиваа неколку месеци, а темите од интерес беа: Анализирање, формирање и раководење со процеси на повеќе засегнати страни; Раководење базирано на резултати – планирање на опипливи и мерливи промени; Раководење базирано на резултати – набљудување, оценување и учење; Разгледување на мерките за застапување и влијание на политиките и Обука за обучувачи и вештини за фасилитација. 

За Александра Савевска, техниката за мапирање на резултатите е една од најрелевантните алатки кои ги запознала за време на обуката за набљудување, оценување и учење. „Оваа алатка предвидува креирање на т.н „скали на промени“, каде фокусот не е само на поставување на индикатори, туку на визуелизација на постепени промени (маркери за напредок) со кои ќе имаме подобар увид во промените кои сакаме да се случат“, вели таа. 

„Не само што научивме многу нови методи и техники кои се дел од кругот на застапување и влијание на политики туку веќе одлучивме да примениме некои од нив во работата на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН)“, вели Валентина Величковска. Таа ги истакна принципите КЛАСП (кредибилитет, легитимност, отчетност, ориентираност кон услуги и заснованост на моќ) како високо прифатени од групата за мрежата која е во процес на развивање на новата стратегија.

Обуката за Раководење базирано на резултати (РБР) му помогнала на Јелмаз Дервиши да ги разбере разликите меѓу нивоата на постигнувања. „Друга важна придобивка од обуката беше рефлексијата на нашата програма и дефинирањето уште еднаш на активностите и постигнувањата и како да се види поголемата слика од перспектива на РБР“. 

Обуките се дел од редовното инвестирање на МЦМС во знаењата и вештините на своите вработени. Тие ќе им помогнат да го применат потребниот сет алатки во комплексниот контекст во кој секојдневно работат.   

Во следните неколку денови, ви ги пренесуваме впечатоците за секоја од обуките на дел од учесниците. 

Програмата Оринџ нолеџ (Orange Knowledge Programme) е Холандска програма за глобален развој чиј буџет од €195-м им е достапен на 53 земји во развој, а го раководи НУФИК (NUFIC), холандска непрофитна организација за интернационализација на учењето. Воспоставена во средината на 2017 година, таа има за цел да им обезбеди можности за промена на десетици илјади луѓе преку образование и обука до средината на 2022 година. 

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Нови знаења и вештини за новите предизвици на МЦМС