Во тек е реализација на годишната анкета со граѓанските организации за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во тек е реализација на годишната анкета со граѓанските организации за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020 PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 мај 2021 16:20

Во тек е реализација на годишната анкета со ГО за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020 која има за цел да ги истражи капацитетите, практиките на отчетноста и транспарентност на граѓанските организации (ГО) во Република Северна Македонија во текот на 2020 година.

EU Civil Society Guidelines 2020 Annual Assessment

Наодите од анкетата ќе ја поддржат Годишната оценка на овозможувачката околина и капацитетите на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција, во однос на  Насоките за поддршка на ЕУ за граѓанско општество во регионот за проширување, 2014-2020 . Оценката се спроведува во рамки на Техничката поддршка за граѓански организации (ТАКСО 3) во Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската унија.

Анкетата е испратена на повеќе од 5000 индивидуални електронски адреси, но доколку истата не сте ја добиле или пак сакате повеќе информации околу нејзиното пополнување може да ја контактирате Снежана Камиловска Трповска на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  Истата е отворена за пополнување до 23 мај 2021 и потребни се не повеќе од 15 минути за да се одговори.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во тек е реализација на годишната анкета со граѓанските организации за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020