Усвоен Годишниот извештај и избран новиот состав на Советот на МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Усвоен Годишниот извештај и избран новиот состав на Советот на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Четврток, 29 април 2021 10:40

Советот на МЦМС на 28 април 2021 година ја одржа шестата редовна седница  на која го усвои Годишниот извештај за 2020 година, заедно со Финансискиот извештај и Извештајот од независниот ревизор, и го избра новиот состав на Советот. 

sovet 2021

„Годината ја одбележа кризата со Ковид-19, која донесе промени во работењето на МЦМС. Доминантно беше користењето на веб алатки, спроведување на онлајн настани и состаноци, но и покрај тешката година организацијата успеа да ги реализира планираните активности“, истакна во својата презентација, Александар Кржаловски, директор на МЦМС. Тој се осврна на постигнувањата во сите тековни програми на организацијата во кои се спроведуваа 36 проекти со вкупен буџет од 110 милиони денари. Кржаловски се осврна и на Финансискиот извештај и на Независното ревизорско мислење кое и оваа година е без забелешки.

Во дискусијата што следуваше, членовите на Советот се интересираа за понатамошните активности на МЦМС. Тие изразија задоволство од постигнатите резултати во 2020 година. Сите одлуки беа донесени едногласно. 

Во вториот дел од седницата беше спроведено гласање и беше избран новиот состав на Советот на МЦМС кој го сочинуваат:

  • Благица Петрески (Фајнанс тинк),
  • Виктор Арнаудоски (ЗЕЛС),
  • Герман Филков (Центар за граѓански комуникации),
  • Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори на Македонија),
  • Дејан Страчковски (Македонска православна црква),
  • Драган Секуловски (Здружение на новинарите на Македонија),
  • Елена Кочоска (Полио плус),
  • Ирсал Јакупи (Исламска верска заедница),
  • Лулзим Хазири (Асоцијација за демократска иницијатива),
  • Марија Ацковски (Евенгелско-методистичка црква),
  • Марко Трошановски (Институт за демократија „Социетас цивилис),
  • Назим Рашиди (Диверзити медиа),
  • Никица Кусиникова (Конект),
  • Никица Мојсоска-Блажевски (Македонија 2025),
  • Самет Скендери (Иницијатива за социјална промена –ИНСОК),
  • Сања Васиќ (Македонски институт за медиуми),
  • Сашо Клековски (од приватниот сектор), 
  • Тетјана Лазаревска (МРФП) и
  • Томе Христоски (општина Крушево). 

Гласањето беше спроведено со ковертирани гласачки ливчиња доставени пред седницата од членовите кои не можеа да учествуваат на неа и онлајн, што како метод беше спроведен за прв пат. Согласно Статутот на МЦМС, членовите се претставници од редот на граѓанските организации, црквите и верските заедници, институциите за истражување и развој, приватниот сектор, локална самоуправа, меѓународни организации и истакнати лица со влијание во јавноста и медиумите.

Мандатот на новиот состав на Советот на МЦМС е четири години, односно од 2021 до 2025 година.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Усвоен Годишниот извештај и избран новиот состав на Советот на МЦМС