Во тек е реализација на годишната анкета со граѓанските организации за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во тек е реализација на годишната анкета со граѓанските организации за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 12 maj 2021 16:20

Во тек е реализација на годишната анкета со ГО за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020 која има за цел да ги истражи капацитетите, практиките на отчетноста и транспарентност на граѓанските организации (ГО) во Република Северна Македонија во текот на 2020 година.

EU Civil Society Guidelines 2020 Annual Assessment

Наодите од анкетата ќе ја поддржат Годишната оценка на овозможувачката околина и капацитетите на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција, во однос на  Насоките за поддршка на ЕУ за граѓанско општество во регионот за проширување, 2014-2020 . Оценката се спроведува во рамки на Техничката поддршка за граѓански организации (ТАКСО 3) во Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската унија.

Анкетата е испратена на повеќе од 5000 индивидуални електронски адреси, но доколку истата не сте ја добиле или пак сакате повеќе информации околу нејзиното пополнување може да ја контактирате Снежана Камиловска Трповска на е-маил: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë  Истата е отворена за пополнување до 23 мај 2021 и потребни се не повеќе од 15 минути за да се одговори.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Во тек е реализација на годишната анкета со граѓанските организации за проценка на Насоките на ЕУ за граѓанско општество 2020