Кодекс за граѓански организации: искуството од соседна Албанија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кодекс за граѓански организации: искуството од соседна Албанија PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 мај 2021 10:16

Неформалната платформа за транспарентност и отчетност, која е составена од 30 организации, на 20 маj 2021 г., одржа состанок со членките на кој ги сумираше забелешките и коментарите за првиот нацрт на Кодексот на граѓански организации. Покрај тоа, беа споделени искуствата на граѓанските организации од Албанија преку организацијата Партнерс Албанија кои исто така се во процес на подготовка на сличен Кодекс за граѓански организации. 

Screenshot 249

Ариола Аголи, проектна менаџерка во Партнерс Албанија, во нејзината презентација, се осврна на најважните елементи од подготовката на Кодексот за стандарди за непрофитни организации во Албанија опфаќајќи ги следните елементи: процесот на подготовка на Кодексот  (усогласување со меѓународните стандарди, одржани консултации и слично) и механизмите за имплементација и неговата промоција меѓу сите засегнати страни. Аголи истакна дека Кодексот во Албанија е базиран на искуството со спроведувањето на Глобалниот стандард за отчетност како дел од Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) и прилагоден на динамиката на граѓанскиот сектор во Албанија. Во текот на јули 2021 г., Партнерс Албанија ќе ја финализира оваа алатка и ќе подготви прашалник за самооценка за организациите кои ќе сакаат да ја користат. 

На оваа сесија се дискутираа и научените лекции на двете страни (македонската и албанската) за да се види практично искуство во подготовката на Кодексите за граѓанските организации. Ваквите средби овозможуваат да се зајакне соработката за идни заеднички активности поврзани со промоција на различните алатки за саморегулацијата во граѓанскиот сектор во двете земји. Платформата и во иднина ќе ја зајакнува културата на учење и градење на односи и демонстрација на практичните придобивки од споделувањето можности за развој на граѓанскиот сектор и неговата транспарентност и отчетност.

Screenshot 248

Забелешките ќе помогнат да се зајакне Кодексот од вредносен аспект. Во следната фаза ќе се работи на подобрување на текстот и спроведување на дадените забелешки и коментари. 

Оваа работилница е дел од активностите кои ги спроведува МЦМС, преку програмата „Одржливо граѓанско општество- државно финансирање за граѓански организации“ која е финансирана од Европската Унија. 

 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Кодекс за граѓански организации: искуството од соседна Албанија