Анализа: една година КОВИД-19 пандемија во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа: една година КОВИД-19 пандемија во Македонија PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Февруари 2021 10:54

На 26 февруари 2021 година се наврши една година од првиот регистриран случај на заразен од Ковид-19 во Северна Македонија. Ова беше поводот, МЦМС да подготви кратка анализа со која прави потсетување за развојот на болеста Ковид-19 и потенцијалот за вакцинирање на населението, кога државата ќе го почне процесот на имунизација. Вкупниот број заразени за една година достигна 101.214 лица. 

edna godina kovid19 vo mk

Во првите месеци на пандемијата, бројот на новозаразени полека растеше. За два месеци, вкупниот број на инфицирани стигна до 1.386, а бројот на починати до 61. Во тој период, во државата беше прогласена вонредна состојба, две општини беа ставени во карантин, а лицата кои ги напуштаа границите на земјата мораа да потпишат лична изјава со која се обврзуваат дека во наредните три месеци нема да се вратат назад во земјата. Државата им овозможи на своите граѓани да се вратат дома преку копнен или воздушен пат. Мерките на претпазливост подразбираа забрана на движење кои во различни периоди се движеа од 9 до 85 часа.   

kovid 19 365Вкупниот број на заразени драстично се зголеми во текот на летните месеци кога рестрикциите за движење беа намалени. Бројот на заразени во месеците јуни-септември се зголеми четирикратно споредено со месеците кога се појави заразата. Најголем број на заразени беа регистрирани во текот на месец ноември, кога бројката достигна 30.306 За споредба, ако бројот на заразени во првите два месеци се искачил на 1.389, на 10 ноември, само во еден ден биле регистрирани 1.321 новозаразен.  Во овие месеци на зголемен број на заразени и починати, изостанаа ригорозните мерки за забрана на движење кои беа применувани на почетокот на кризата. Здравствените власти апелираа на носење маска, држење дистанца и често миење и дезинфицирање на рацете.  

Имајќи го предвид бројот на граѓани заразени со коронавирус во текот на првата година (98,103 лица), можеме да констатираме дека станува збор за околу 5% од вкупното население во државата. За да се постигне колективен имунитет, експертите проценуваат дека е потребно барем 70% од населението за да стекнат имунитет. Ова само ја потенцира важноста на масовната вакцинација која треба да започне што побрзо.   

МЦМС, преку дел од програмите што ги спроведува направи пренамена на дел од фондовите и ги додели во вид на грантови на организациите за активности поврзани со намалување на последиците од Ковид-19. Благодарени на тие пренамени, големи количини хуманитарна помош беа дистрибуирани, а дел од организациите дадоа поддршка за полесно одвивање на образовниот процес, за заштита на менталното здравје и полесно прилагодување на новите дигитални алатки неопходни за одвивање на работата во „новото нормално.“ Покрај тоа, преку Цивика мобилитас и нејзините грантисти изрази подготвеност да им помогне на институциите во справување со кризата.

Погледнете ја целата анализа „Ковид–19 во Македонија, една година пандемија“.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Анализа: една година КОВИД-19 пандемија во Македонија