Амбасадорот на Франција го посети МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Амбасадорот на Франција го посети МЦМС PDF Печати Е-пошта
Четврток, 04 март 2021 15:45

На иницијатива на Амбасадата на Франција, денес (4 март 2021 година) во МЦМС беа НЕ Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција во нашата земја, Жили Маравал, аташе за соработка и Жаклина Поп Ангелова, шеф на кабинетот на Амбасадорот.

slika 2

Александар Кржаловски, директор на МЦМС и Јасмина Чаушоска, соработник на проекти, ги запознаа со работата на МЦМС и поразговараа за можностите за идна соработка. Главна тема на состанокот беше Пописот на населението, домаќинствата и становите и улогата на граѓанските организации во тој процес. Сите се согласија дека со помал политички притисок, државата може да спроведе успешен попис.

МЦМС ја имаше честа да биде првата граѓанска организација која ја посети новиот француски амбасадор.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Амбасадорот на Франција го посети МЦМС