Анализа: една година КОВИД-19 пандемија во Македонија |
![]() |
![]() |
![]() |
Friday, 26 February 2021 10:54 | |||
На 26 февруари 2021 година се наврши една година од првиот регистриран случај на заразен од Ковид-19 во Северна Македонија. Ова беше поводот, МЦМС да подготви кратка анализа со која прави потсетување за развојот на болеста Ковид-19 и потенцијалот за вакцинирање на населението, кога државата ќе го почне процесот на имунизација. Вкупниот број заразени за една година достигна 101.214 лица. Во првите месеци на пандемијата, бројот на новозаразени полека растеше. За два месеци, вкупниот број на инфицирани стигна до 1.386, а бројот на починати до 61. Во тој период, во државата беше прогласена вонредна состојба, две општини беа ставени во карантин, а лицата кои ги напуштаа границите на земјата мораа да потпишат лична изјава со која се обврзуваат дека во наредните три месеци нема да се вратат назад во земјата. Државата им овозможи на своите граѓани да се вратат дома преку копнен или воздушен пат. Мерките на претпазливост подразбираа забрана на движење кои во различни периоди се движеа од 9 до 85 часа.
Имајќи го предвид бројот на граѓани заразени со коронавирус во текот на првата година (98,103 лица), можеме да констатираме дека станува збор за околу 5% од вкупното население во државата. За да се постигне колективен имунитет, експертите проценуваат дека е потребно барем 70% од населението за да стекнат имунитет. Ова само ја потенцира важноста на масовната вакцинација која треба да започне што побрзо. МЦМС, преку дел од програмите што ги спроведува направи пренамена на дел од фондовите и ги додели во вид на грантови на организациите за активности поврзани со намалување на последиците од Ковид-19. Благодарени на тие пренамени, големи количини хуманитарна помош беа дистрибуирани, а дел од организациите дадоа поддршка за полесно одвивање на образовниот процес, за заштита на менталното здравје и полесно прилагодување на новите дигитални алатки неопходни за одвивање на работата во „новото нормално.“ Покрај тоа, преку Цивика мобилитас и нејзините грантисти изрази подготвеност да им помогне на институциите во справување со кризата. Погледнете ја целата анализа „Ковид–19 во Македонија, една година пандемија“.
|