Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО PDF Print E-mail
Friday, 30 October 2020 12:42

dfds

МЦМС има чест да Ве покани да бидете дел од настанот за споделување на знаење и искуство со фокус на практиките за транспарентност на граѓанските организации од Словенија: „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ кој ќе се одржи на 6 ноември (петок) 2020 г., од 11:00 до 12:30 часот на платформата ZOOM.

Целта на овој настан е споделување на најдобрите практики од граѓанското општество во Словенија за поттикнување и подобрување на транспарентноста во секторот. За време на настанот ќе се стекнеме со знаења за практиките на транспарентност на четири различни граѓански организации од Словенија. Овие четири организации покриваат различни секторски области и се разликуваат во однос на типовите на активности кои ги спроведуваат. Конкретно, ќе се запознаеме со: Caritas Словенија кои главно работат со хуманитарна помош; Amnesty International Словенија кои претежно работат со прашања поврзани со човековите права; Екологисти без граници Словенија кои спроведуваат активности за заштита на животната средина; и ЦНВОС, чадор-организација во Словенија за помош на развојот на граѓанскиот сектор со фокус на зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Преземи агенда

Регистрирај се за учество

Секој регистриран учесник ќе добие линк од ЗООМ за вклучување на настанот во текот на неделата.

Настанот ќе се одвива на англиски јазик со овозможен превод од англиски на македонски и обратно.

За повеќе информации, можете да ја контактирате Александра Савевска на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или: 070/414-669.

Настанот е организиран во рамките на програмата: „Одржливо граѓанско општество - државно финансирање на граѓански организации“ финансирана од Европската Унија.

Застапуваме за транспарентни и отчетни ГО!


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО