Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 20 јули 2020 10:56

Граѓанскиот ресурсен центар со задоволство ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на настанот Овозможувачко опкружување за развој на граѓанското општество што ќе се одржи на 23 јули 2020г. од 13:00 часот на платформата ЗООМ.

20200717 Pokana onlajn diskusija OO 1

Регистрирајте се за учество на настанот

Каков е даночниот и фискалниот третман на граѓанските организации? Каква е и како може да се подобри државната поддршка за граѓанските организации? Дали се почитуваат основните загарантирани законски слободи? Колку е развиен партнерскиот однос меѓу државата и граѓанските организации? Колкава е вклученоста на граѓанските организации во процесите на носење закони и креирање политики? Ова се дел од прашањата кои ќе се одговорат на настанот.

Како основа за дискусијата ќе биде извештајот „Матрица за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2019 година“. Истиот еподготвен врз основа на следењето на законодавството и неговата примена во практика, преку три клучни области за развојот на граѓанското општество: основните законски загарантирани слободи; рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации и односот меѓу владата и граѓанските организации.

АГЕНДА

 

13:00 – 13:05

Добредојде и вовед во настанот

Валентина Атанасовска, Македонски центар за меѓународна соработка (модератор)

13:05 – 13:15 

Заложбата на Европската Унија за поддршка на развојот на граѓанското општество

Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија

13:15 – 13:30

Развој на граѓанското општество на регионално ниво

Билјана Спасовска, Балканска мрежа за развој на граѓанско општество

13:30– 13:50

Клучни наоди и препораки од следење на околината за развој на граѓанското општество во 2019г.

Снежана Камиловска Трповска, Македонски центар за меѓународна соработка

13:50 – 14:00

Улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за подобрување на околината во која функционираат граѓанските организации

Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации

14:00 – 14:30

Дискусија и затворање на настанот

 

Регистрирајте се за учество на настанот

 

По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.

Настанот е организиран во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип. 


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество