Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 20 korrik 2020 10:56

Граѓанскиот ресурсен центар со задоволство ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на настанот Овозможувачко опкружување за развој на граѓанското општество што ќе се одржи на 23 јули 2020г. од 13:00 часот на платформата ЗООМ.

20200717 Pokana onlajn diskusija OO 1

Регистрирајте се за учество на настанот

Каков е даночниот и фискалниот третман на граѓанските организации? Каква е и како може да се подобри државната поддршка за граѓанските организации? Дали се почитуваат основните загарантирани законски слободи? Колку е развиен партнерскиот однос меѓу државата и граѓанските организации? Колкава е вклученоста на граѓанските организации во процесите на носење закони и креирање политики? Ова се дел од прашањата кои ќе се одговорат на настанот.

Како основа за дискусијата ќе биде извештајот „Матрица за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2019 година“. Истиот еподготвен врз основа на следењето на законодавството и неговата примена во практика, преку три клучни области за развојот на граѓанското општество: основните законски загарантирани слободи; рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации и односот меѓу владата и граѓанските организации.

АГЕНДА

 

13:00 – 13:05

Добредојде и вовед во настанот

Валентина Атанасовска, Македонски центар за меѓународна соработка (модератор)

13:05 – 13:15 

Заложбата на Европската Унија за поддршка на развојот на граѓанското општество

Ирена Иванова, Делегација на Европска Унија

13:15 – 13:30

Развој на граѓанското општество на регионално ниво

Билјана Спасовска, Балканска мрежа за развој на граѓанско општество

13:30– 13:50

Клучни наоди и препораки од следење на околината за развој на граѓанското општество во 2019г.

Снежана Камиловска Трповска, Македонски центар за меѓународна соработка

13:50 – 14:00

Улогата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за подобрување на околината во која функционираат граѓанските организации

Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации

14:00 – 14:30

Дискусија и затворање на настанот

 

Регистрирајте се за учество на настанот

 

По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан.

Настанот е организиран во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип. 


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество