Онлајн настан за овозможувачкото опкружување за развој на граѓанското општество |
Monday, 20 July 2020 10:56 | |||||||||||||||
Граѓанскиот ресурсен центар со задоволство ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на настанот Овозможувачко опкружување за развој на граѓанското општество што ќе се одржи на 23 јули 2020г. од 13:00 часот на платформата ЗООМ. Регистрирајте се за учество на настанот Каков е даночниот и фискалниот третман на граѓанските организации? Каква е и како може да се подобри државната поддршка за граѓанските организации? Дали се почитуваат основните загарантирани законски слободи? Колку е развиен партнерскиот однос меѓу државата и граѓанските организации? Колкава е вклученоста на граѓанските организации во процесите на носење закони и креирање политики? Ова се дел од прашањата кои ќе се одговорат на настанот. Како основа за дискусијата ќе биде извештајот „Матрица за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2019 година“. Истиот еподготвен врз основа на следењето на законодавството и неговата примена во практика, преку три клучни области за развојот на граѓанското општество: основните законски загарантирани слободи; рамка за финансиска одржливост на граѓанските организации и односот меѓу владата и граѓанските организации. АГЕНДА
Регистрирајте се за учество на настанот
По успешното регистрирање ќе добиете линк за најава на ЗООМ еден ден пред почеток на официјалниот настан. Настанот е организиран во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи, АДИ од Гостивар и Медиа плус од Штип.
|