Повик за ад хок грантови кои ќе ја ублажат кризата од КОВИД-19 |
Friday, 10 April 2020 14:59 | |||
Граѓанските организации кои преземаат итни активности за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 можат да се пријават на повикот за ад хок грантови на Цивика мобилитас. Овие грантови се наменети да ги поддржат граѓанските организации да одговорат на потребите на граѓаните, со акцент на најранливите, со цел да се минимизираат последиците од пандемијата Ковид-19 и вонредната состојба во земјата. Предложените акции се очекува да се однесуваат на подобра координација на здруженијата во волонтерските активности; информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба; хуманитарна, правна, психолошка помош и безбедносни совети за најзагрозените групи. Времетраењето на една акција не може да биде подолго од три месеци, а големината на грантот треба да биде помеѓу 50.000 и 100.000 денари. Се очекува на овој повик да се доделат 10 грантови. Првиот рок за поднесување на пријави е 15 април 2020 година (среда) до 12 часот. Од сите поднесени пријави до тој рок, ќе се изберат проекти до вкупен износ од 500.000 денари од расположливиот буџет. Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-adh-02/
|