Повик за ад хок грантови кои ќе ја ублажат кризата од КОВИД-19 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за ад хок грантови кои ќе ја ублажат кризата од КОВИД-19 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 10 prill 2020 14:59

Граѓанските организации кои преземаат итни активности за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 можат да се пријават на повикот за ад хок грантови на Цивика мобилитас.

20200410 cm adh 02 fb 1 1024x538

Овие грантови се наменети да ги поддржат граѓанските организации да одговорат на потребите на граѓаните, со акцент на најранливите, со цел да се минимизираат последиците од пандемијата Ковид-19 и вонредната состојба во земјата.

Предложените акции се очекува да се однесуваат на подобра координација на здруженијата во волонтерските активности; информирање на јавноста за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба; хуманитарна, правна, психолошка помош и безбедносни совети за најзагрозените групи.

Времетраењето на една акција не може да биде подолго од три месеци, а големината на грантот треба да биде помеѓу 50.000 и 100.000 денари. Се очекува на овој повик да се доделат 10 грантови.

Првиот рок за поднесување на пријави е 15 април 2020 година (среда) до 12 часот. Од сите поднесени пријави до тој рок, ќе се изберат проекти до вкупен износ од 500.000 денари од расположливиот буџет.

Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-adh-02/

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Повик за ад хок грантови кои ќе ја ублажат кризата од КОВИД-19