Извештај за усогласеност на македонското законодавство со меѓународните препораки за ефикасна борба против корупција |
![]() |
![]() |
![]() |
Понеделник, 17 јуни 2019 16:27 | |||
Aвтори: Снежана Камиловска Трповска, Наташа Иваноска, проф. д-р Никола Тупанчески
Целта е да може да се согледа колку државата напредувала или назадувала во однос на прашањата кои се поврзани со борбата против корупцијата, како и кои се очекувањата на ЕУ за Северна Македонија, како земја-кандидат за членство во оваа Унија. Анализата ќе ја прикаже усогласеноста на домашната регулатива не само со препораките на ЕУ, туку и со препораките од ГРЕКО, како меѓународно тело чијашто основна цел е да идентификува колку земјите работат во насока на превенција и спречување корупција. Основа за овој извештај се: Извештајот за евалуација за Република Северна Македонија - четврт круг на евалуација, Извештајот за усогласеност на четвртиот круг на евалуација и вториот Извештај за усогласеност на четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО и извештаите на Европската комисија за земјата во периодот од 2013 до2018 година. Податоците кои се содржани во извештајот се собирани во периодот од септември 2018 до април 2019 година. Извештајот е дел од проектот „Следење на антикорупциските реформи“ спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество со поддршка на Европската унија.
|